Connect with us

Вести

ВРЕДИ со најмногу советнички места во Дебар, ДПТ во Центар Жупа

На вчерашните локални избори за членови на општинските совети, во Дебар најмногу советнички места обезбедила коалиција ВРЕДИ, додека во Центар Жупа, Демократската партија на Турците.

-Во новиот совет на општина Дебар, кој брои 15 членови, 5 освои коалицијата ВРЕДИ, четири коалицијата НАИ, три незвисните кандидати, две ВМРО-ДПМНЕ и едно СДСМ. Што се однесува до изборот на градоначалник, во втор круг одат кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља и независниот кандидат, Рамадан Имери, потврдија од Општинската изборна комисија.

Во минатиот состав на Советот на Општина Дебар шест советници имаше ДУИ, пет Алијансата за Албанците-Алтернатива, додека по две советнички места имаа СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

-Во Советот на општината, кој брои 9 членови, три обезбеди Демократската партија на Турците, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците. Поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, ќе има повторување на изборите за градоначалник, изјавија од ОИК за МИА.

Во Советот на оваа општина, кој броеше 11 членови, пет имаше Демократската партија на Турците, по две советнички места имаа СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците