Connect with us

Вести

Шанса за Центар: Независните во Центар останаа без лого

Во Општина Центар на избирачките места е констатирано дека избирачкиот материјал, на листата со кандидати за градоначалници и советници за Општина Центар – не е испечатено логото на независните кандидати на Шанса за Центар – Независни заедно, кај Група избирачи Јане Димески на листата за Совет и кај Група избирачи Билјана Ивановска на листата за градоначалници, соопштија од Шанса за Центар.

Оваа неправилност, како што соопштуваат од таму, е констатирана на целата територија на Општина Центар и може да претставува основа за поништување на изборите во оваа општина.

Се обидовме да поднесеме приговор во системот на ДИК кој во моментот додека се обидувавме да го поднесеме преку електронската форма на страницата на ДИК не беше во функција. Поднесен е приговор по електронски пат преку електронска пошта и во архивата на ДИК“, соопшти граѓанската иницијатива Шанса за Центар – Независни заедно.