Вести
Излезеноста до 15 часот 31,16 проценти, ист одѕив има и во Град Скопје

Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот изнесува изнесува 31,16 проценти, а иста излезеност има и на гласачите во Град Скопје.
Како што информира на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Радица Тодоровска Алексовска до направениот пресек во 15 часот пристигнати се податоци од 3167 избирачки места.
Таа истакна дека процентот на избирачки места од кои се пристигнати податоците изнесува 91,16 проценти. Вкупен број на запишани избирачи во избирачките места од кои пристигнале овие податоци е 1 653 213 гласачи, а вкупниот број избирачи кои гласале во избирачките места од местата од кои ДИК добила податоци е 515 069.
Најголема излезеност до 15 часот е регистритрана во Берово 40,14 проценти, Богданци 39,57 проценти, Валандово, 35,88, Гевгелија 35,78, Градско 37,12, Дебрца 43,43, Демир Капија 46,65, Дојран 48,88, Зелениково 41,34, Кратово 42,35, Крушево 47,47, Лозово 47,32, Македонски Брод 48,21, Новаци 52,84, Пробиштип 45,12, Росоман 46,46, Старо Нагорачане 43,48, Чашка 53,19 проценти.
Најмала излезеност е регистрирана во Центар Жупа 17,12 проценти, Радовиш 24,24, Маврово и Ростуше 20,14, Гостивар 20,95 и Врапчиште 14,94 проценти.
Во Град Скопје до 15 часот процентот на избирачи кои што гласале изнесува 31,16. По општини во Аеродром излезеноста е 31,50 проценти, Бутел 33,10, Гази Баба 27,82, Ѓорче Петров 30,11, Карпош 33,37, Кисела Вода 31,58, Сарај 36,33, Центар 34,40, Чаир 35,30 и Шуто Оризари 21,99 проценти.
Досега во ДИК не пристигнале никакви приговори во насока на неправилностите и гласачите непречено го остваруваат своето право на глас.
Тодоровска Алексовска информираше во избирачко место 2607 во Карпош е преминато кон гласање со УВ ламба, поради тоа што дошло до заглавување на СИМ картичката во уредот за биометриска идентификација на гласачите. ДИК, поради тоа донела одлука во ова избирачко место да се продолжи гласањето на стариот начин. Таа увери дека граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето избирачко право на тоа избрачко мести и потсети дека на минатите избори имало шест вакви случаи.
октомври 19, 2025