Connect with us

Вести

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11:15 часот

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК)

– До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.

Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности.

Според податоците на ДИК, општини со најголема излезеност се Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15, 27, Дебрца 15,76, Демир Капија, 15, Кратово 16,16, Крива Паланка 16, 85, ККрушево 16,97, Новаци 19, 3 Пробиштип, 17,64, Ранковци, 15,5, Чашка 22,60 проценти.

Со најмала излезеност се општините Сопиште 3,93 проценти, Центар Жупа, 4,89 проценти, Боговиње, 4,48 проценти и Врапчиште, 2,54 проценти.