Connect with us

Хроника

Велешанец лишен од слобода бидејќи во сообраќајка повредил две лица и побегнал

На локалниот  пат Раштани – Бузалково, велешко, синоќа во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле  од слобода 57-годишниот  З.Ј. од Велес. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки и патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од  38 годишниот Р.С. од село Бузалково, во која со телесни повреди се здобиле Р.С. и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општа болница Велес.

Како што информира од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска било утврдено дека З.Ј. управувал возило по дејство на алкохол, при што  му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.