Connect with us

Хроника

Пијан гевгеличанец се обидел да ја убие поранешната партнерка

Полицијата во Гевгелија денеска спречила обид за убиство на девојка од поранешен партнер. МВР соопшти дека се приведени две лица и бил пронајден пиштол.

– Во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од  нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка. Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода, се наведува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.