Хроника
ОЈО Гостивар постапува во врска со грабежот во Гостивар

Државното обвинителство денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар.
Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот.
Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со патничко моторно возило „бмв” без регистарски таблички.
октомври 11, 2025