Connect with us

Хроника

Битолчанка измамена за 27 илјади евра со приказна дека ќерка и имала сообраќајка и треба да плати за операција

Постара битолчанка пријавила дека била измамена за сума од околу 27 илјади евра од лице кое телефонски и се претставило како лекар и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и треба да плати за да биде оперирана, информираат од МВР.

Случајот бил пријавен вчера во 12:34 часот во СВР Битола од 62-годишна жена од Битола.

– Жената пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена, се вели во полицискиот билтен. 

Од МВР, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.