Connect with us

Хроника

Кривична пријава за четворица дебрани, пукале со огнено оружје на семејна веселба

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против чертворица дебрани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик „Предизвикување општа опасност“.

Пријава е поднесена протв В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, кои на 1 август годинава, на семејна веселба, во куќа покрај Дебарско Езеро, неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале значителна опасност по животот на присутните гости.

– По мерки преземени во координација и наредба со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода беше Ф.П. кому му беше одземен пиштол „Магнум“. При претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П. пронајдени и одземени беа пиштол „Steyr“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Исто така од пријавената А.П. одземен е пиштол „Glock“ со 34 куршуми.