Connect with us

Хроника

Скопјанка пријавила дека била физички нападната од поранешниот сопруг

Триесет и петгодишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. 

Како што стои во полицискиот Билтен, 34-годишниот И.Ј. од Скопје физички ја нападнал на 2 октомври околу 11:45 часот во дом на подрачјето на општина Аеродром.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.