Хроника
Приведени двајца скопјани, во возило пронајден илегален мигрант

Двајца скопјани биле лишени од слобода на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, откако во возило бил пронајден илегален мигрант, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Синоќа во 22:50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У., на возраст од 22 години, илегален мигрант од Турција. Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител, мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје, појаснија од СВР – Велес.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава.
октомври 7, 2025