Регион
Еден загинат во несреќа на автомобилска трка во Бугарија

Маж го загуби животот, а десетина други лица се повредени, од кои едно е хоспитализирано со повреди опасни по живот, во инцидент што денеска се случи во Варна во рамки на бугарскиот шампионат во ридско планински трки.
Загинатиот е маж на возраст од 60 години кој, според локалната полиција, го следел релито од место на кое било забрането присуство на публика.
Вкупно 38 екипажи беа пријавени за трката која се возеше во рамки на последното коло од бугарскиот шампионот во ридско планински трки.
Настанот го организира Автомобилската федерација на Бугарија со помош на Општина Варна.
октомври 6, 2025