Connect with us

Хроника

Физичка пресметка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект

Физичка пресметка имало изминатава ноќ меѓу две групи во Неготино, откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите од Неготино. Претходно И.Б.(25) од село Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во Неготино, Д.Т. физички ја нападнал, по што настанала физичка пресметка помеѓу две групи, појаснија од СВР Велес. 

 Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземале  мерки за расчистување на настанот. свд/дма/