Свет
Пресудата во судењето на Болсонаро неизвесна откако судија гласаше за ослободување

Бразилски судија вчера гласаше за ослободување на поранешниот претседател Жаир Болсонаро поради наводен обид за пуч, несогласувајќи се со двајца колеги со што фрли сомнеж врз исходот на судењето, пренесе ДПА.
Двајца судии гласаа за осуда, но третиот, Луиз Фукс се изјасни спротивно, барајќи ослободување на Болсонаро.
Во петчлениот состав на Врховниот суд, потребно е мнозинство од три гласа за осуда. Преостанатите двајца судии сè уште треба да ги дадат своите гласови.
Болсонаро е обвинет за заговор со сојузници за да изведе пуч против владата на својот левичарски наследник Луиз Инасио Лула да Силва по поразот на изборите во 2022 година. На 8 јануари 2023 година, приврзаници на десничарскиот политичар го нападнаа Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата во Бразилија.
Пресудата се очекува утре.
Фукс во својот говор тврдеше дека доказите не докажуваат дека Болсонаро организирал пуч. Тој претходно ја доведе во прашање надлежноста на Врховниот суд во случајот, велејќи дека осуммината други обвинети не треба директно да бидат судени од судот бидејќи не извршуваат функции со специјални привилегии.
Ставот на Фукс е спротивен на оној на судиите Александар де Мораес и Флавио Дино, кои во вторникот гласаа за осуда на Болсонаро, опишувајќи го како „лидер на криминална организација“.
Судиите можат да ги сменат своите ставови пред изрекувањето на пресудата.
септември 12, 2025