Connect with us

Регион

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

Бројот на ученици во основните и средните училиштата во Албанија се намалува, во просек за 10 илјади ученици секоја година.

– Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско образование, во рок од една деценија, што е намалување од 31 отсто, објавија медиуми.

Падот е уште поголем кога се зборува за 9-годишно образование, со 125 илјади деца помалку во училиште помеѓу 2014 и 2024 година. Само во последните пет години, албанското образование изгуби над 61 илјада ученици.

Главните причини за овие бројки се поврзани со намалувањето на наталитетот и масовната емиграција.

Последица од оваа криза е затворањето на училиштата: од 2012 до 2022 година, се затворија 295 деветолетки, што претставува над 22 отсто од вкупниот број.

Разбирливо и бројот на ученици кои за првпат седнуваат во ученичка клупа, исто така, се намалува. Пред една деценија, околу 35.000 – 38.000 ученици се запишуваа во прво одделение. Во оваа нова учебна година имаше 26.500 ученици.