Connect with us

Политика

Мицкоски:Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните локални избори, затоа што, како што истакна, кандидатите се луѓе кои се мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма и со визија.

-Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и за тоа кој е најголемиот адут на партијата на овие избори.

Тој дополни дека Владата ги зајакнува темелите, истите оние кои претходната влада се обиде да ги урниса.

-За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса, кажа Мицкоски.

Вчера на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани кандидати за градоначалници за 16 општини. Во Центар и во Куманово ќе дадат поддршка за кандидат од ЗНАМ. Се уште не е познато името на кандидатот за Општина Кисела Вода.