Политика
Петрушевски: СДС го прислушувале Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели.
Цели 5 години бил следен претседателот Христијан Мицкоски, како претседател на тогаш најголемата опозициска партија.
СДС сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го запрат падот и да ги остварат своите приватни цели.
СДС 5 години од 2019 до 2024 година владееле со злоупотреба на службите, како да се партиска алатка за опстојување на власт.
Трагедија е како СДС ги злоупотребувале службите, кои наместо за државата, нејзината безбедност и за разузнавање биле користени за одржување на Заев, Филипче и околу нив тесната клика на власт.
За сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките.
Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.
Истиот тој Коцевски, кој СДС силно го бранеа во Собрание, а сега гледаме и зошто.
Ова е скандал од невидени размери, и очекуваме ЈО да се надмине себе си и да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите и ќе овозможи одговорност за сите кои ги злоупотребиле институциите и следеле луѓе и си играле со човечки животи за власт.
септември 3, 2025