Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не ги штити тие кои незаконски следеле и ги злоупотребувале институциите, ЈО да отвори сеопфатна истрага

СДС со години ги злоупотребувале институциите и следеле луѓе само за да останат ден повеќе на власт.
СДС ги злоупотребувала службите во корист на Заев, Филипче и врхушката од СДС.
За документи од примена на мерки за следење на комуникации, АНБ е создавач само на предлог мерка. Наредбите се документ чиј создавач е Врховен суд, декласификација врши само создавачот.
Сите документи од предлог, барање, наредби се поврзани и АНБ сама не одлучува. Во државата постојат институции кои треба постапат по овој случај, според процедура.
СДС бледо се обидува да ги заштити тие кои незаконски следеле и злоупотребувале.
Ова е скандал од невидени размери и неопходно е ЈО да отвори истрага која ќе ги опфати сите кои ги злоупотребувале институциите.
септември 3, 2025