Connect with us

Политика

Стојаноски: Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за седум со СДС, а инфлацијата е 30 отсто помала

Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 со СДСМ, а инфлацијата е 30 отсто помала, истакна на партиска прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, што МИА ја пренесува интегрално.

Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6.7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 растот бил само 3.5%.

Реалната плата е вистинската куповна моќ на платата, не номинален износ, туку вредностен.

Растот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ покажува неколку работи:

1. Дека инфлацијата е намалена

2. Дека растот на економијата е забрзан

3. Дека потрошувачката е зголемена

4. Дека производството расте

5. Дека довербата во економијата е голема

Почитувани, бројките јасно покажуваат дека инфлацијата е стабилизирана и под контрола.

Во период јули 2024 до јули 2025 просечната стапка на инфлација е 3.6%, додека во период од јули 2017 до јули 2024 просечната стапка на инфлацијата е 4.8%.

Бројките се многу јасни. Во време на СДСМ добро им одеше само на неколкумина бизнисмени блиски до власта, кои беа главни тендераши. Во време на ВМРО-ДПМНЕ економијата оди напред, има раст и развој кој е сеопфатен и го чувствува секој граѓанин.

Промените ја трансформираат Македонија. Државата оди напред.