Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ затоа што никогаш не била дел од истата

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста.
Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата.
Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДС. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување.
септември 1, 2025