Connect with us

Свет

„Тивка војна“: Ирански хакери извршиле над 1.900 напади врз американските водоводни системи

Иранските кибер-закани по водоводната инфраструктура во Соединетите Американски Држави се во пораст и би можеле да претставуваат „тивка војна“ која продолжува и покрај можната воена деескалација меѓу Техеран и Вашингтон, пишува „Вашингтон пост“ (ВП) во денешната анализа.

Според извештајот, Американската агенција за кибер-безбедност и безбедност на инфраструктурата (CISA) регистрирала повеќе од 1.900 обиди за хакерски напади врз водоводните системи во САД за само еден месец, при што Иран е идентификуван како главен извор на овие активности.

Иако повеќето напади биле неуспешни, експертите предупредуваат на сериозни слабости во заштитата. Експертот за кибер-безбедност Џек Браун, извршен директор на Иницијативата за сајбер-политика на Универзитетот во Чикаго, истакна дека многу системи немаат ниту основни мерки, како промена на фабричките лозинки.

Ранливоста на инфраструктурата е дополнително нагласена со обвинувањата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи дека САД бомбардирале иранско постројка за десалинизација, што довело до прекин на водоснабдувањето во 30 села. Како одговор на ова, Иран наводно извршил напади со дронови врз постројка за вода во Бахреин. Во САД постојат околу 150.000 водоводни системи, од кои повеќето се мали и со недоволно средства за соодветна кибер-заштита.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1