Останати спортови
Соборен светскиот рекорд по бројот на учесници на маратонска трка
Во Париз денеска се одржува маратонот и како што пренесуваат француските медиуми ова е трка со рекорден број учесници. Бројката изнесува околу 60.000 и соборен е рекордот од минатата година во Њујорк кога имаше 59.226 учесници.
Маратонската трка стартуваше во 7.55 часот со старт на 15 лица со инвалидски колички, а пет минути подоцна тргнаа елитните тркачи и нешто потоа групите учесници на маратонот.
Победник на маратонот е Јеманеберхан Крипа од Италија, кој патеката од 42.195 метри ја истрча за 2:05.18 часа. Ова е негова прва победа на маратонот во Париз, воедно прв маратонец од Италија со победа во главниот град на Франција. Втор целта ја мина Бакелињ Тешегар од Етиопија, кој заостана пет секунди, а трет заврши Сила Кипту од Кенија со заостанување од десет секунди зад победникот.
Кај жените победи Шур Демис од Етиопија со време 2:18.34 часа што е нов рекорд во женска конкуренција на маратонот во Париз. Нејзината сонародничка Мисгане Алемајех го освои второто место, а трета е Магдалин Масаи од Кенија.
Маратонот во Париз имаше уште една карактеристика – се одржа без користење на пластика, а учесниците немаа на располагање вода во пластични шишиња.
април 12, 2026

