Фудбал
Севиља со важна победа во борбата за опстанок во Примера
Фудбалерите на Севиља синоќа остварија важна победа во 31.коло откако на домашен терен го совладаа Атлетико Мадрид со 2:1 и на тој начин се оддалечија од зоната за испаѓање. Со новите три бодови се проби на 15.место на Примера со 34 бодови или три повеќе од Мајорка, која е на 18.то место.
Севиља поведе со голот на нигерискиот интернационалец Акор Адамс во 10.минута од пенал, но гостите од Мадрид изедначија преку Хавиер Бонар во 35.минута. Победата Севиља ја обезбеди со голот на капитенот Немања Гудељ во 45+2 минута.
Лидер на табелата е Барселона со 79 бодови, која синоќа во градското дерби го победи Еспањол со 4:1. На второто место е Реал Мадрид со 70 бодови.
Денеска се играат четири натпревари од 31.коло, а двојките се: Осасуна – Бетис, Мајорка – Рајо Ваљекано, Селта – Овиедо и Атлетик Билбао – Виљареал, а утре на програмата е последниот дуел Леванте – Хетафе.
април 12, 2026

