Хроника
Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
Физички напади од невенчан сопруг и девер биле пријавени во полиција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет, појаснија од СВР – Велес.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден во СВР – Велес, С.М., на возраст од 31 година од Кавадарци, пријавила дека во дворот од домот, нејзиниот девер И.М. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
април 12, 2026

