Connect with us

Регион

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс доби албански државјанство

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, доби државјанство на Албанија и албански пасош, за што посебна уредба потпишал претседателот Бајрам Бегај, објавија медиумите.

Државјанството му е доделено како признание, преку исклучок предвиден во законската рамка, што овозможува доделување пасош на странски државјани од посебен интерес.

“Со ова уредба одлучувам да му доделам државјанство на Ерик Лерој Адамс“, пишува во уредбата потпишана од Бегај и се наведува дека стапува во сила веднаш и ќе биде објавена во службениот весник

Адамс, кон крајот на неговиот  градоначалнички мандат, во октомври минатата година беше во четиридневната посета на Албанија, кога се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, со кого разговарале за зајакнување на соработката во туризмот и технологијата. 

Градоначалник на Њујорк беше од почетокот на 2022 година до крајот на 2025 година. 

Од престојот во Албанија тој пред медиумите се покажа со албанско знаме и кече.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1