Connect with us

Сервисни информации

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето во следните денови, од вторник до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h, соопшти УХМР. 

Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 11 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 23 степени. 

Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час. 

Минималните температури, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 21 Целзиусов степен. Во Скопје слично време, со температура од 8 до 20 Целзиусови степени.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4