Connect with us

Свет

Нетанјаху доби одлагање на судската постапка што се води против него за корупција

Канцеларијата на израелскиот државен обвинител го одобри барањето на премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху денескa да не се појави на суд и да сведочи во постапката против него што се води поради евентуална корупција.

Обвинителот прифати денешното рочиште да се одложи, додека подоцна ќе го разгледа барањето на Нетанјаху за одложување на тоа појавување пред државните власти на неодредено време.

Судењето беше ставено „на чекање“ поради војната во Иран, која започна на 28 февруари. Нетанјаху требаше да се појави денескa и да сведочи, бидејќи во меѓувреме беше договорено двонеделно примирје, што го објави претседателот на СAД, Доналд Трамп.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2