Свет
На парламентарните избори во Унгарија излезноста до 13 часот била поголема од 50 отсто
На денешните парламентарни избори во Унгарија, до 13 часот гласале 54,14 проценти од гласачите, соопшти Изборната комисија на таа земја.
На веб-страницата на Националната изборна канцеларија е наведено дека за денешното гласање се регистрирани 7.527.742 гласачи, и дека 16,89 проценти од нив гласале до 9:00 часот наутро, додека 37,98 проценти гласале до 11:00 часот.
Тоа претставува значително зголемување на излезноста во споредба со претходните два изборни циклуси – 42,32 проценти од гласачите гласале до 13 часот во 2018 година, а 40,01 процент во 2022 година.
Главните кандидати на денешните избори, премиерот Виктор Орбан и неговиот ривал Петер Маѓар, претходно утрово објавија дека гласале.
април 12, 2026

