Connect with us

Хроника

МВР: Лишени од слобода двајца крадци, на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје одзеле личен накит од скопјанка

 Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобда двајца крадци, откако претходно на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје со употреба на физичка сила одзеле личен накит од 74-годишна жена. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела.

Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3