Connect with us

Вести

Мицкоски со честитка по повод Велигден: Само заедно, со меѓусебна почит можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом.

-Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж, наведува Мицкоски во честитката.

Тој додава оти е свесен дека постојат неизвесности и предизвици, но, вели, нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите.

-Во духот на овој голем празник, сакам да испратам порака на единство. Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна. Држава во која трудот се вреднува, а иднината се гради врз темели на доверба и одговорност, истакнува Мицкоски.

Премиерот порачува празничните денови да донесат топлина и сила да продолжиме напред со јасна визија.

-Нека празничните денови ви донесат спокој, топлина и сила да продолжиме напред, посилни, пообединети и со јасна визија за иднината. Христос Воскресе! Навистина Воскресе!, додава Мицкоски во честитката по повод Велигден.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2