Connect with us

Хроника

Лишен од слобода жител на Камењане, Скопско, поради инволвираност во борби со кучиња

Припадници на Министерството за внатрешни работи лишиле од слобода лице осомничено за кривично дело „мачење животни“.

-На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода С.Р. (38) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради инволвираност во борби со кучиња, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека ова приведување е во врска со настанот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани, дека на 10.04.2026 на локалниот пат кон с.Камењане, во патничко возило „голф“ било пронајдено повредено куче, а од слобода биле лишени три лица.

С.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4