Фудбал
Де Зерби: Мислам дека не сум подобар од Франк или Тудор
Новиот менаџер на Тотенхем Роберто Де Зерби, своето деби на клупата на премиерлигашот ќе ја има утре (недела) против Сандерленд. Тој ќе биде трет менаџер сезонава на клупата на Тотенхем, по Томас Франк и Игор Тудор.
Сигурен сум дека нивото на играчите е доволно добро да настапуваа и во моите претходни тимови.
– Мислам дека не сум подобар од Франк или од Тудор, нив ги сметам за добри тренери. Ќе се потрудам да ги искористам својот стил, карактер и личност за да оствариме нашата цел, тоа е сега најважно, изјави Де Зерби.
Тотенхем се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата во зоната на испаѓање. Нема победа оваа година, а само две од октомври 2025. Притоа во Лигата на шампионите во осминафиналето беа елиминирани од Атлетико Мадрид.
Во својата историја од 1950 година, овој клуб само една сезона не настапувал во највисокиот ранг на натпревар во Англија во сезоната 1977/78 година.
април 12, 2026

