Connect with us

Политика

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Велигден: Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

По повод големиот христијански празник Велигден, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки со желби за добро здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта, стои во честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Воскресение Христово – Велигден што МИА ја објавува интегрално.

Нека светлината на Христовото Воскресение донесе надеж, сила и нова енергија за надминување на сите предизвици со кои се соочуваме како општество.

Овој свет празник нека биде потсетник дека по секоја жртва доаѓа победа, а по секоја темнина, светлина.

Во време на искушенија, поделби и неправди, потребно е единство, заедништво и решителност да изградиме подобра иднина за сите граѓани.

Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија.

Водени од вредностите на традицијата, семејството и заедништвото, да останеме посветени на создавање држава на правда, развој и просперитет.

Нека љубовта, добрината и солидарноста бидат наш патоказ во овие празнични денови.

Нека е за многу години Велигден!

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!, 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2