Општини
Честитка до верниците по повод Велигден упатија градоначалниците од дебарскиот регион и СМИР
Честитки по повод Христовото воскресение Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот дебарски регион, како и Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР.
-Искрени честитки до сите верници по повод големиот празник Велигден, празник кој го носи духот на надежта, љубовта, добродетелството и благородноста. Велигденските празници нека го исполнат секој дом со мир, радост, љубов, здравје и бериќет, посака градоначалникот на Дебар Фисник Меља.
Од свое лично име и од име на општина Маврово и Ростуше честитка упати градоначалникот Омер Јакупоски, посакувајќи празникот да донесе мир, здравје и благосостојба, а неговата порака за надеж, солидарност и меѓусебна почит биде водилка во нашето секојдневие.
-Како градоначалник, останувам цврсто посветен на градење заедница заснована врз меѓусебно разбирање, еднаквост и почитување на различностите, во која секој граѓанин се чувствува достоинствено и вреднувано, порачува Јакупоски.
Честитка до верниците упати и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, посакувајќи истиот да го поминат во радост и среќа со најблиските и со желби за здравје и благосостојба.
-До сите христијани, во мое и во име на Сојузот, искрени честитки по повод големиот празник Велигден, со желби за многу среќа, здравје, бериќет, стои во честитката на Сојузот на Македонците со исламска религија, потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.

Христовото воскресение во Дебар беше соопштено во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, од парохискиот намесник Миле Ангеловски. Присуствуваа поголем број верници, постојани, но и поранешни жители на градот и нивни потомци.
април 12, 2026

