Фудбал
Артета: Ова се случува – тоа е фудбал, противникот ги казни нашите грешки
Менаџерот на Арсенал Микел Артета по поразот (1:2) на вчерашниот дуел на домашен терен од Борнмут остана на лидерската позиција со девет бодови предност со два натпревара повеќе. Но, конкурентот Манчестер Сити има шанса да ја намали бодовната разлика.
– Ова може да се случи – тоа е фудбал и треба да признаете дека противникот ги искористил шансите по вашите грешки. Ние бевме под своето ниво. Тоа е болно за играчите и треба да ги боли. Треба да сфатиме, или ќе се кренеме и бориме, или ќе нè нема. Имаме добри позиции во двете натпреварувања, но мора да бидеме подобри. Ова е голем удар и треба да знаме како да реагираме, изјави Артета.
Арсенал во среда го игра реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Спортинг на домашен терен, а на првиот дуел победи на гости со 1:0, додека во Премиер лигата е на првата позиција и е најсериозен кандидат за титулата, која последен пат ја освои во 2003 година. Сепак следниот викенд го очекува гостување кај Манчестер Сити.
април 12, 2026

