Connect with us

Кошарка

Вембањама ја потврдува кандидатурата за наградата МВП – 40 поени

Францускиот репрезентативец Виктор Вембањама ја предводеше својата екипа до нова победа во дуелот со Далас (139:120) откако за 26 минути постигна 40 поени, 13 скокови и 5 асистенции. На тој начин ја потврди кандидатурата за МВП наградата, како и за наградата најдобар дефанзивец. Со оваа победа Сан Антонио го обезбеди второто место во западната конференција.

Еден од конкурентите за МВП наградата Никола Јокиќ од Денвер не играше против Оклахома, па ќе мора да биде на теренот во последниот натпревар против Сан Антонио за да ја исполни квотата од 65 натпревари.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Атланта – Кливленд 124:102, Шарлот – Детроит 100:118, Вашингтон – Мајами 117:140, Бостон – Њу Орлеанс 144:118, Индијана – Филаделфија 94:105, Њујорк – Торонто 112:95, Чикаго – Орландо 103:127, Милвоки – Бруклин 125:108, Сан Антонио – Далас 139:120, Денвер – Оклахома 127:107, Хјустон – Минесота 132:136, Јута – Мемфис 147:101, Портланд – ЛА Клиперс 116:97, Сакраменто – Голден Стејт 124:118 и ЛА Лејкерс – Феникс 101:73.

Во недела на понеделник се играат последните 15 натпревари од регуларниот дел од НБА лигата по што ќе следуваат дуелите од плеј офот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2