Connect with us

Ракомет

Спортинг и Веспрем изборија четвртфинале во ракометната Лига на шампионите

Екипите на Спортинг и Веспрем ја комплетираа „осумката“ во четвртфиналето од ракометната Лига на шампиони откако синоќа ги елиминираа Висла и ПСЖ. Ова за францускиот првак ПСЖ е нова елиминација во раната фаза од плејофот.

На дуелот во Париз, ПСЖ – Веспрем одиграа нерешено 35:35, па така победата од 32:24 беше решавачка за пласман на Веспрем во четвртфиналето. Висла синоќа го совлада Спортинг со 28:27, но победата на португалскиот тим од првиот дуел со 33:29 беше клучна за пласманот во следната фаза.

Во средата во реванш осминафиналните дуели: Нант – ГОГ Гудме 40:28 и Киелце – ПИК Сегед 32:32. Пласман во четвртфиналето обезбедија: Нант и ПИК Сегед.

Според „костурот“ двојките во четвртфиналето се: Магдебург – ПИК Сегед, Фуксе Берлин – Веспрем, Барселона – Нант и Алборг – Спортинг. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2