Connect with us

Хроника

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Малолетници проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција во Неготино, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Рано изутрина во 00:05 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од овој град. Кога ги забележале полициските службеници, двајцата малолетници проголтале бела грутчеста материја, што подоцна ја исфрлиле од устата и им била одземена, информираа од СВР – Велес.

Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, адвокат за малолетници и претставник од Центар за социјални работи – Неготино.

– Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3