Connect with us

Свет

Нафтена дамка го ограничи бродскиот сообраќај во пристаништето Антверпен

Бродскиот сообраќај во пристаништето Антверпен е сериозно ограничен поради излевање на нафта, соопштија локалните власти, пренесува ДПА.

Пристаништето моментално не е достапно преку реката Шелда од Северното Море, туку само преку јужните и источните приоди, изјави портпарол на управата.

Според извештаите, околу 50 бродови чекаат да влезат или да го напуштат второто по големина пристаниште во Европа, а засега не е познато колку долго ќе трае прекинот.

До излевањето дошло за време на полнење гориво на брод. Иако нафтата била локализирана и директно погодените бродови исчистени, загадувањето во текот на ноќта продолжило да се шири кон реката Шелда.

Реката тече од северна Франција преку Белгија и Холандија кон Северното Море, а за да се спречи понатамошно ширење, затворени се и браните.

Во соопштение, управата на пристаништето изрази жалење за последиците и посочи на чувствителните природни резервати долж Шелда.

„Заштитата на животната средина е апсолутен приоритет и преземаме сè што е можно за да ги минимизираме оперативните и еколошките штети“, се наведува во соопштението.

Пристаништето опфаќа околу 580 хектари природни резервати. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2