Хроника
МВР: Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице
На 10.04.2026 во 19:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишија од слобода А.К.(48) од Делчево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети и ловечки патрони. Додека во дворот и на мотокултиватор со приколка е пронајдено нежигосано огревно дрво. Мотокултиваторот и дрвата се одземени од Шумска полиција за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
април 11, 2026

