Connect with us

Регион

„Блек кјуб“ призна дека стои зад спорното видео за Христодулидис

Израелската приватна разузнавачка компанија „Блек кјуб“ (Black Cube) соопшти дека стои зад видеото објавено во јануари, кое го поврзува кипарскиот претседател Никос Христодулидис со наводи за корупција, пренесе „Сајпрс мејл“.

Видеото, објавено од анонимен профил на социјалните мрежи, прикажува монтирани снимки од поранешни и актуелни високи функционери, со наводи за незаконско финансирање на претседателската кампања и злоупотреби во програми за корпоративна општествена одговорност. Во снимките се појавуваат шефот на кабинетот Хараламбос Хараламбус, поранешниот министер Јоргос Лакотрипис и извршниот директор на „Сајфилд груп“, Јоргос Хрисохос.

Кипарскиот весник „Политис“ објави дека се пронајдени докази дека видеото е дело на „Блек кјуб“, основана во 2010 година од поранешни припадници на израелските разузнавачки служби Дан Зорела и Ави Јанус. Компанијата подоцна ја потврди информацијата, наведувајќи дека е „горда“ што разоткрила, како што тврди, корупција поврзана со „Сајфилд груп“ и придонела за прочистување на бизнис-опкружувањето.

Претставници на компанијата соопштија дека се во контакт со кипарските власти и изразија уверување дека вистината ќе излезе на виделина и оти одговорните ќе бидат изведени пред правдата.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2