Connect with us

Свет

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Британскиот премиер Кир Стармер изрази незадоволство од влијанието на глобалните настани врз порастот на цените на енергијата во Велика Британија, нагласувајќи дека постапките на светските лидери директно влијаат врз граѓаните и економијата.

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Уморен сум од тоа – семејствата низ целата држава што гледаат како нивните сметки за електрична енергија растат и паѓаат, а сметките на бизнисите растат и паѓаат поради постапките на Путин или Трамп низ целиот свет, рече британскиот премиер. Тој, исто така, повика на воспоставување конкретен план за обновување на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, по постигнувањето прекин на огнот на Блискиот Исток.

Според соопштението од Даунинг стрит, Стармер разговарал за тоа со американскиот претседател, нагласувајќи ја потребата од брзо решение за да се овозможи непречен транспорт на енергенси и стоки

Маркетинг
Ad 4
Ad 3