Свет
Во Русија приведен поранешен новинар на Радио Слободна Европа под сомнение за велепредавство
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела поранешен новинар соработник на Радио Слободна Европа под сомнение за велепредавство.
ФСБ не го откри идентитетот на приведениот, кој се сомничи дека соработувал со Украинската разузнавачка служба (СБУ).
Украина и Радио Слободна Европа сè уште не го коментираа случајот, а ФСБ не посочи дали приведениот маж ги негира или ги признал обвиненијата.
април 9, 2026

