Хроника
Татко и син од неготинско село се нападнале со остар и дрвен предмет, приведени и двајцата
Полициски службеници од ОВР – Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, 28-годишникот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница – Кавадарци. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино.
– По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР – Велес.
април 9, 2026

