Скопје
Стефковски: Вечна слава на убиените на Смилковско езеро
-И по 14 години, болката не стивнува… таа е длабока, тешка и присутна во секое срце, како да се случи вчера. Тагата не избледува, туку нè потсетува колку е скапа човечката судбина и колку е кревка правдата, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Денес, со наведнати глави и тишина во душата, запаливме свеќи и положивме свежо цвеќе на Смилковското езеро – во спомен на невино згаснатите животи. На Велики Четврток пред 14 години, свирепо беа одземени животите на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски – млади луѓе со соништа, со иднина, со живот пред себе, наведе во објавата Стефковски и додаде:
-На местото на трагедијата денес стои светилиште – Црквата „Св. 40 Маченици“, како вечен сведок на болката, но и на нашата вера. Подигнат е Свет крст, а се гради и камбанарија – како глас што ќе потсетува, ќе опоменува и ќе сведочи.
„Нека нивната жртва биде вечен завет за правда, мир и човечност. Да не дозволиме заборавот да ја покрие вистината. Никогаш да не се заборави! Никогаш да не се повтори!, стои во објавата на Стефковски.
април 9, 2026

