Connect with us

Хроника

Приведен радовишанец осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на Плачковица

Приведен бил радовишанец, осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд-куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот, тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, соопштија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Радовиш.

Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од МВР.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2