Connect with us

Скопје

Општина Илинден ја реализираше традиционалната хуманитарна акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“

Општина Илинден и оваа година ја реализираше хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за ранливите категории граѓани, во пресрет на големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден.

Акцијата, спроведена во духот на солидарност и хуманост под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше реализирана во соработка со Црвениот крст и локалната бизнис заедница. Благодарение на нивната несебична поддршка, обезбедени и дистрибуирани беа околу 250 пакети со основни прехранбени и хигиенски производи, со цел да се обезбеди достоинствено одбележување на празникот за сите граѓани.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изрази искрена благодарност до општествено одговорните компании кои активно се вклучија и придонесоа за успешна реализација на оваа акција и нагласи дека токму во празничните денови особено доаѓа до израз значењето на меѓусебната поддршка и солидарност, посочувајќи дека секое семејство заслужува да ги помине празниците во мир, хармонија и благосостојба.

Општина Илинден упатува благодарност до фирмите: МАН, Компанија Петковски, Компанија Атанасовски, КАМ, Дени Интернационал, Интер Оил, Гранд Слот, Пекабеско, Марк Маркет и ТАВ, кои со своите донации ја покажаа својата општествена одговорност.

Општина Илинден со заеднички напори и силно партнерство со бизнис секторот и граѓанските организации, ќе продолжи да гради општество во кое грижата, емпатијата и меѓусебната поддршка се темелни вредности, а секој граѓанин има можност за достоинствен живот.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3