Connect with us

Регион

Мицотакис: Неприфатливо е бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, денеска рече дека е неприфатливо бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец, како што тоа го предложил Иран, оценувајќи дека таквиот потег би претставувал опасен преседан за слободата на пловидбата.

Мицотакис потсети дека пловидбата низ Ормускиот теснец секогаш била слободна, порачувајќи дека таквата пракса мора да продолжи.

Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател, Доналд Трамп, изнел идеја САД да остваруваат приходи од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, преку наплата на дозволи за премин.

Претходно официјален Техеран предложи да се плаќа надомест за безбедно преминување на трговските бродови низ теснецот.

Војната против Иран го загрози работењето на пристаништата во Персискиот Залив и го наруши глобалниот трговски сообраќај што се одвива низ Ормускиот теснец, низ кој се транспортира петтина од светската нафта и течниот природен гас.

Грчката трговска флота е една од најголемите во светот според капацитетот за превоз на товар.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3