Connect with us

Вести

Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне албанскиот јазик

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1 одговори на повеќе актуелни теми поврзани со одлуките на Судот, положбата на судската и уставно-судската власт, Законот за употреба на јазиците, Колективниот договор за култура, уставната тужба, политичките притисоци врз Судот и реформите што, според него, се неопходни за зајакнување на институцијата.

Претседателот Костадиновски, упати јасна порака до јавноста во врска со Законот за употреба на јазиците за кој се води предмет во Судот,  нагласувајќи дека неосновано се создаваат стравови и политички тензии околу ова прашање. Според него, Уставниот суд нема намера да ограничува права, туку напротив – да ги заштити и унапреди.

„Сакам да упатам еден апел бидејќи гледам премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне Албанскиот јазик . Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине.  Тие се уставна категорија така да не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине да ја намали употребата или да го загрози албанскиот јазик апсолутно се неточни.“

Тој потенцира дека одлуките на Судот ќе имаат за цел да ја олеснат практичната примена на правата.

„Нашите одлуки можат само да ја олеснат примената на албанскиот јазик така што нашите согрѓани Албанци да бидат спокојни никој нема да го чепне албанскиот јазик“

Костадиновски посочи дека мислењето на Венецијанската комисија не треба да се толкува селективно, бидејќи содржи и пофалби, но и забелешки.

„Прво Венецијанската комисија кажува за разлика од законот од 2008 година…овој закон од 2018 година значително ја проширува употребата на албанскиот јазик, значително и тоа Венецијанската комисија вели дека тоа е за пофалба дури и вели се поздравува волјата на властите во Македонија за унапредување на јазикот на заедниците и тоа навистина за пофалба, но Венецијанската комисија вели одредени одредби во одредени области се оди предалеку“.

Зошто Уставниот суд ги поништи измените за платите на судиите?

Една од централните теми во интервјуто беше одлуката на Уставниот суд да го поништи законот со кој беа намалени коефицинетите за плати на судиите. Според Костадиновски, ваквото законско решение директно ја засега независноста на судската власт.

„Судската власт како посебна власт во нашиот уставен поредок ужива најсилни можни гаранции за сопствената независност и самостојност… Уставниот суд оцени дека се повредени самостојноста и независноста бидејќи ние независноста и самостојноста на судската власт ја гледаме во суштина целосно, материјалната независност е составен и нераскинлив дел од статусната независност на судовите.”

Тој нагласи дека постојат бројни меѓународни стандарди што ја поткрепуваат оваа позиција.

„Постојат бројни меѓународни стандарди како што е Европската повелба на судиите, како што е Венецијанската комисија… Сите тие укажуваат дека не може дури и во услови на криза не може да се намалуваат платите на судиите. Зашто? Затоа што така се гарантира нивната независност и самостојност. Во околности во кој се наоѓа Македонија каде што недовербата во системот е, во целиот систем вклучително и правосудниот систем е на историски најниско ниво… вреди да се заштити независноста и самостојноста на судската власт но и таа власт стварно треба да почне да испорачува резултати.”

За разлика од судиите, прашањето за платите на јавните обвинители сè уште не е затворено. Костадиновски објасни дека по ова прашање е поведена постапка, но дека не било обезбедено потребното мнозинство за донесување одлука.

Осврнувајќи се на Законот за намалување на коефициентите за именувани лица и функционери, Костадиновски укажа дека проблемот не е само во коефициентите, туку и во начинот на кој уставните судии биле нормативно третирани заедно со носители на функции од законодавната и извршната власт. Дополнително, според него, во ниту една држава каде што постои уставен суд, платата на уставен судија не е пониска од платата на врховен судија.

„Три пати беа намалени платите и на уставните судии, заедно со судската власт важат истите уставни гаранции за независност дури и посилни ужива уставно-судска власт, меѓународните стандарди се посилни кога е во прашање уставното судство. Во глава III од нашиот Устав е организација на државната власт и таму се уредени трите власти законодавната, извршната и судската. После глава III доаѓа глава IX за Уставниот суд. И тоа значи дека ние не подлежиме на начелото на поделба на власта и меѓународните стандарди говорат дека не може да се прави поистоветување на позицијата претседател на Уставен суд со потпретседател на Собрание.  Нормата беше коефициентот за платата за претседателот на Уставниот суд и потпретседателите на Собранието се утврдува исто. Со нашата одлука денеска со која се враќа правно правило за пресметка на коефициентите, платите на врховните судии ќе бидат поголеми од платите на уставните судии и таков апсурд не постои во светски рамки. Не постои земја во која постои Уставен суд и платата на уставен судија да биде под нивото на врховен судија.”

Зошто Уставниот суд го оспори целиот Колективен договор за култура?

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, појаснува дека Судот повел постапка за Колективниот договор за култура во целина, бидејќи при анализата утврдил дека повеќе негови одредби можат да бидат уставно спорни, а не само поединечни членови.

„Тоа значи дека Уставниот суд изразил сомнеж за уставноста за целиот колективен договор, таму подносителот на иницијативата го оспорува целиот колективен договор но и посебно некој одредби, но кога ние правевме анализа кога видовме колку одредби уставно можат да се доведат под сомнеж колективниот договор за целиот да поведеме постапка”, изјави претседателот. 

Костадиновски дополнително објаснува дека фактот што за истиот договор претходно биле поведени постапки не претставува пречка, бидејќи еден закон може повеќепати да биде предмет на оценување од различни уставно-правни аспекти, а во претходните случаи Судот бил ограничен само на наводите во иницијативите.

„Видете сакам да појаснам за да нема недоразбирање во Уставниот суд може да биде оспорен еден закон не 3 пати, 30 пати може да биде и тоа од различни уставно-правни аспекти .Ние ги имавме предвид нашите одлуки што сме ги донеле 2021 година тогаш во иницијативите биле оспорени сосема различни од различен аспект имало спорење на одредено одредби од колективнот договор и тогаш Уставниот суд се ограничил на наводите во иницијативата не отишол длабоко затоа што некогаш тоа зависи од судијата-известител, тоа зависи од многу околности, по соспствена иницијатива постапувајќи затоа што го имаме тоа право,постапувајќи по наводите на иницијативата доколку процениме или најдеме неуставност да ја продолжиме постапката и по други…,меѓутоа тогаш се ограничил само по наводите на иницијативата така да нема дилеми затоа е денешнава одлука. Реално кога ќе биде објавена нашето решение секој што е заинтересиран или покажува било каков сомнеж ќе може да ги види правните аргументи затоа што во тој колективен договор навистина имаше повеќе уставно-правни спорни одредби.

Во однос на конечната одлука, Костадиновски истакнува дека не може однапред да се прејудицира дали ќе биде укинувачка или поништувачка, бидејќи Судот мора да ги земе предвид сите релевантни околности.

„Не можам да ја прејудицирам одлуката дали ќе биде укинувачка или поништувачка ќе треба да ги земеме сите околности вклучително и оваа,ќе мора да најдат начин. Укинувачката е, хипотетички, јас лично не би размислувал за поништувачка одлука зашто последиците од поништувачка одлука се многу сериозни тоа значи дека сите поединечни акти донесени го губат правното дејство стануваат ништовни. Јас лично може за себе да зборам дека не би одел на поништувачка одлука, би одел на укинувачка и тоа значи дека од денот на објавување на нашата одлука во Службен весник нема колективен договор. Ќе треба да седнат и двете страни и повторно да договараат и да склучат нов договор“, потенцираше Костадиновски.

Во таква ситуација, тој нагласува дека исплатата на платите не би можела да продолжи врз основа на договорот, туку ќе мора да се применат постоечките законски решенија додека не се постигне нов договор.

„Не не може да се исплаќа според тој Колективен, во тој случај ќе мора да се активира законските решенија да се види според законските решенија дали постои можност, сигурно постои можност“

Седниците на Уставниот суд достапни во живо за јавноста

Претседателот Костадиновски, нагласува дека зголемувањето на транспарентноста е еден од клучните приоритети во неговиот мандат, особено имајќи ја предвид ниската доверба на граѓаните во институциите. Во таа насока, Судот воведе пренос во живо на седниците како конкретна мерка за отворање кон јавноста.

„Јас уште на првата прес-конференција откако станав претседател , кажав дека приоритет над сите приортети ќе ми биде максимална отвореност,зашто,затоа што недовербата на граѓаните во целиот систем е толку голема што нас навистина ни се потребни радикални чекори, еден радикален чекор е снимањето на седниците на уставниот суд во живо.“

Тој потенцира дека оваа одлука не е донесена едногласно и дека, иако ваквата практика е ретка, таа е неопходна во конкретниот општествен контекст.

„Да, не постои сличен пример на европско тло, нема, но нема ни сличен пример 2% да е довербата.“

Костадиновски смета дека судиите треба да бидат свесни за јавниот интерес и влијанието што нивните одлуки го имаат врз сите граѓани, поради што јавноста има право директно да следи како се дискутира и одлучува. 

„И треба да го чувствуваат притисокт од јавноста затоа што тие нашите одлуки ги афектираат сите граѓани, нашите одлуки не се како редовното судство и интерпартнерство од двете страни. Нашите одлуки се однесуваат за сите граѓани од прв до последен и нашите граѓани имаат право да знаат кои се нивните уставни судии, какви се нивните правни размислувања и како постапуваат, нема подобра превенција, заштита и начин да се врати довербата од максимална транспарентност.“

Дополнително, тој посочува дека првичните индикатори веќе упатуваат на зголемен интерес и доверба кај граѓаните, што се гледа преку зголемениот број на иницијативи пред Судот.

„Една индикација што за мене е сериозна индикација дека довербата на граѓаните се враќа во Уставниот суд е што во првите три мемеци од оваа година имаме 150 иницијативи, минатата година беше рекордна година 300 решени предмети, замислете само во првите три месеци ние до денеска ја проверив последната информација 150 оформени предмети.“

Маркетинг
Ad 4
Ad 3