Connect with us

Ракомет

Јасухира нов играч на ГРК Охрид

Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот.

-Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација, изјави Косуке за веб-страницата на охриѓани.

Јасухира е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт.

Пред две сезони тој имаше извонредни настапи за екипата на РК Вардар 1961. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4